Добар разговор и непријатен здив

talking

Истражувањата покажуваат дека во 75% од случаите, лошиот здив е предизвикан од лоша орална хигиена. За подобра орална хигиена и отстранување на проблемот со лошиот здив, потребно е темелно четкање на забите, интерденталните простори, но и чистење на јазикот.

Главен причинител за лошиот здив се наоѓа во бактериските наслаги на јазикот и меѓузабните простори.

Непријатниот мирис е предизвикан од бактериите кои што се собираат на браздите на јазикот, како и бактериите кои што се наоѓаат на забите и во меѓузабниот простор и кои продолжуваат да се размножуваат поради неквалитетната орална хигиена. Поради тоа, потребно е темелно чистење на забите, но и чистење на јазикот. Најдобар начин за отстранување на бактериите на јазикот е употребата на чистач за јазик.

Наслагите на јазикот се само еден причинител за непријтен здив. Други причинители можат да бидат: лошата орална хигиена, болест или проблем со дишните патишта и органите, конзумација на храна со јак мирис како лук, кромид, различни сирења, но и алкохолните пијалоци, кафето, цигарите и слично.

zabobolka1

Три чекори за расипани заби

Дали знаете дека забите се најцврстиот дел од човековото тело? Но и …

zakaj-dlesni-krvavijo

Да ги исчистиме забите- чистиот заб не се расипува

Сите четки за заби CURAPROX имаат мала глава, со компактно вметнати влакненца. …