iTOP

74827_interview_judith

TOP концептот претставува еден нов пристап во современата стоматологија во поглед на одржување на оралната хигиена и зачувување на оралното здравје.


Во секојдневието постојано се среќаваме со голем број проблеми поврзани со оралната хигиена и оралното здравје. Заболувањата на забите и пародонтот кај нас се среќаваат кај голем дел од населението. Уште поалармантно е знаењето дека пародонталните заболувања не се проблем само на постарата популација, туку и на младите генерации. Исто така новите испитувања во оралната медицина упатуваат на тоа дека бактериите од денталниот плак (со своето директно и индиректно дејство) придонесуваат за појава на некои системски заболувања. Значи, се поизвесна е поврзаноста меѓу оралното здравје и некои системски заболувања.

Се поставува прашањето – На што се должи сето ова? – одговорот е многу едноставен и логичен, а тоа е недоволната орална хигиена, недоволната просветеност на луѓето за орална нега, немање правилни иснтрументи за нејзино одржување и недоволна инструираност од стручни лица за тоа, како и со што, пациентот да ја одржува оралната нега.

Затоа, во светот се поактуелен станува ставот како да се превенираат овие проблеми. Испитувањата и истражувањата вршени на ова поле од страна на стоматолозите на Универзитетот во Хамбург, предводени од Prof. Sedelmayer доведоа до промовирање на новиот современ концепт за превенција на оралното здравје.


Што всушност подразбираме под iTOP?

iTOP е кратенка од – individually Trained Oral Prophylaxis. Што подразбира дека за да се постигне Орално здравје за секој, потребно е да се примени индивидуалниот пристап во превенирање на заболувањата на забите и устата. Стоматологот секој пациент треба да го опсервира посебно, да му обрне посебно внимание и да му препорача што точно да користи од средствата за одржување на оралното здравје, заедно со давање насоки, т.е. едуцирање на пациентот како да ги употребува тие средства.


iTOP – филозофија

iTOP- от повторно ја враќа едукацијата за правилна профилакса во рацете на стоматологот, затоа што се покажало дека пациентите не треба сами да ги бираат средствата за правилно одржување орална хигиена ниту пак техниката на четкање. iTOP се базира на три принципи: соработка, ефикасност и без траума и тоа врз основа на “Touch to Teach”, “T2T”. Каде експертите буквално ја земаат раката на пациентот и го учат на користење правилен притисок, движења со четката и го учат на користење на правилна техника на четкање на забите.

iTOP овозможува сочувување на оралното здравје на забите и непцето за цел живот. Тоа претставува највисока цел на iTOP програмата.

За подетални информации: www.curaprox.com

zabobolka1

Три чекори за расипани заби

Дали знаете дека забите се најцврстиот дел од човековото тело? Но и …

zakaj-dlesni-krvavijo

Да ги исчистиме забите- чистиот заб не се расипува

Сите четки за заби CURAPROX имаат мала глава, со компактно вметнати влакненца. …

74827_interview_judith

iTOP

TOP концептот претставува еден нов пристап во современата стоматологија …