Од гингива која крвари, до пародонтална болест

vnetje_dlesni

Од гингива која крвари, често се јавуваат потешки облици на пародонтални заболувања. Воспалението на забното ткиво или пародонтална болест е најраширено хронично заболување.

Главната причина за воспаление и разградување на пародонтот, се бактериите во меките забни наслаги (забен плак), кои се лепат на забите и гингивата. Во 1 mm3 од овие наслаги има 100 милиони различни микроорганизми.

Колку се забните наслаги постари и подебели, бактериите се поопасни за пародонтот. Поради состојките во плунката, со тек на време, меките забни наслаги се трансформираат во забен камен.

На забниот камен, меките забни наслаги заедно со бактериите во нив, уште побрзо се насобираат. Најзагрозени места, каде забните наслаги брзо адхерираат, се работ на гингивата, односно сулкусот помеѓу гингивата и забот, меѓузабните простори, местата под мостови конструкции и околу забните импланти. Бактериите со своето штетно делување предизвикуваат најпрво воспаление на гингивата, а покасно ги зафаќаат и останатите ткива околу забот. Бојата на гингивата се менува од бледо-розеникава во црвена, гингивата отекува и крвари на најмал допир.

talking

Добар разговор и непријатен здив

Дали некогаш сте се нашле во прилика да имате интересен разговор со …

Ciscenje-z-medzbono-scetko-3

Да ги исчистиме просторите помеѓу забите – здравата гингива не крвари

Интерденталната четкичка е едноставна и ефикасна помош за чистење …