Curasept ADS 220
За краткотрајна и интензивна употреба, со 0,20% Chlorhexidin Diglukonat: го спречува …
Течност за испирање уста која содржи 0,05% Chlorhexidin Diglukonat и 0,05% Fluoridi.
Идеална за употреба кај корисници на протези, пациенти со ортодонтски апарати, импланти и оние кои имаат проблеми со воспаление на непцата и пародонталното ткиво. Помага во заштита на непцата пред и после било која стоматолошка интервенција или во период на интензивна орална хигиена. Патентираниот ADS систем делува против бактерискиот плак, го спречува пребојувањето на забите и не го менува вкусот во устата. Поради отсуството на алкохол во својот состав не делува иритативно на слузокожата и не предизвикува печење и жарење. УПОТРЕБА: * Растворот не треба да се разредува. Ако немате поинакво упатство за користење од Вашиот стоматолог, два пати дневно наутро и навечер (по јадење) исплакнете ја устата приближно 1 минута со 10мл (една лажица) неразреден раствор. Ако е можно претходно направете механичко чистење со помош на четка за заби и интердентална четкичка. За подобро дејство на ADS формулата препорачуваме најмалку 1 час по употребата да не пушите и да не користите производи со јак пигмент (кафе, чај, црвено вино). За оптимални резултати производот користете го во комбинација со паста за заби која не содржи SLS – натриум лаурил сулфат. * Течноста користете ја до 6 месеци. За понатамошно користење консултирајте го Вашиот стоматолог. ВНИМАНИЕ: * Да не се голта, само за орална употреба. * Чувајте го вон дофат на деца, на собна температура и темно место. * Содржи натриум-метабисулфат и натриум флуорид.
За краткотрајна и интензивна употреба, со 0,20% Chlorhexidin Diglukonat: го спречува …
За продолжена употреба, го спречува настанувањето на плакот, ја надополнува …