Curaprox Black is White

Curaprox-Black-is-White-and-White-is-black

Ефикасна  паста за белење на забите со активен јаглен

Curaprox Ви го претставува новитетот – црна паста за заби, која без абразивни честички и хемиски состојки за белење ги одстранува пигментациите од забите. За побела насмевка, наместо штетните хемиски состојки, се погрижи активниот јаглен, кој и го дава посебно црниот изглед и боја на пастата.

Клучна состојка

– Активен јаглен

Активниот јаглен ги впива и нежно ги отстранува пигментациите од забите , а притоа не ја оштетува забната глеѓ.

 

Други важни состојки

–  Натриум флуорид

Натриум флуоридот ја штити глеѓта на забот и ја прави поотпорна на киселинските влијанија. Учествува во реминерализацијата на забите, го успорува развојот на штетните бактерии во забните наслаги и исто така штити  од настанување на кариес. Пастата за заби Black is White содржи 950 ppm натриум флуорид.

–  Нанохидроксилапатит

Нанохидроксилапатитот има заштитна функција. Бидејќи има слична структура како забната глеѓ, придонесува за дополнителна реминерализација на забните површини

– Ензими

Пастата за заби содржи ензими кои ја зголемуваат одбранбената моќ на плунката и го зајакнуваат нејзиното антибактериско и  антивирусно дејство. Дополнително штити од настанување на кариес и помага во отстранување на чувството на сува уста.

– Prestige Sparkling Blue®

Ефикасноста на Prestige Sparkling Blue® на површината на забите создава филм, кој оптички забите ги прави побели, без штетни хемиски супстанци.

– Етерични масла

Црната забна паста Black is White како и White is Black содржат мало количество етерични масла. Преголема количина на етерични масла може лесно да ја надразни усната слузница.

Низок  абразивен фактор

Степенот на абразивност 50 РДА  е понизок од повеќето пасти за заби, кои се почесто содржат абразивни состојки на пример како што се кредата, силикати, пемза или бентонит. Истите во забните пасти се несакани бидејќи при отстранувањето на наслагите од забите ја оштетуваат забната обвивка (глеѓта).

Без штетни состојки

При изборот на производи за одржување на оралното здравје, се препорачува да се провери што тие содржат. Исто така важно е и тоа што и не го содржат. Во пастите за заби Curaprox  Black is White  и  White is Black нема да пронајдете состојки кои се штетни, а кои се почесто се употребуваат во пастите за заби :

Без:

– средство за пенење SLS (натриум лаурилсулфат)

– триклосан

– средство за белеење

– пластични честички

 

 

Новата црна паста за заби Curaprox  ја има во две варијанти:

Black is White (90 ml)                                                                                          

со освежувчка арома на лимета и ментол во елегантна црна амбалажа во комплет со црна четка за заби CS 5460

White is Black (90 ml)

со посебно благ вкус во нежна бела амбалажа во комплет со бела четка за заби CS 5460

Curaprox-Enzycal-950-packaging

Паста за заби Curaprox Enzycal 950

Нежна паста за заби против кариес. ЛАКТОПЕРОЗЕН СИСТЕМ: Ензимите во …

Curaprox-Enzycal-1450-packaging

Паста за заби Curaprox Enzycal 1450

Нежна паста за заби против кариес. ЛАКТОПЕРОЗЕН СИСТЕМ: Ензимите во …

Curaprox-Enzycal-Zero-packaging

Паста за заби Curaprox Enzycal Zero

Балансираниот ENZYCAL – систем во составот на пастата го подржува природниот …