CURAPROX Hydrosonic

Curaprox-Hydrosonic-4
Начин на употреба

Чистењето на забите никогаш не било толку нежно и ефикасно- благодарение на испитаните и тестирани CUREN® влакна

Две глави за четката: CHS 200 sensitive и CHS 300 power. Поставете ја четката под агол во однос на забот и непцето: ергономската дршка го олеснува поставувањето на влакната под агол од 45°.

Три различни програми на четкање: intensive(интензивен), soft(нежен) и massage(масажен). Четката има силен мотор кој остварува 32,000 до 42,000 движења во минута.

Доаѓа во пакување со комплетен сет за орална хигиена

Вклучува три CPS Prime интердентални четки кои имаат исклучително долги влакна и ултра фино жичано јадро.

CURAPROX Enzycal паста за заби која е соодветна за употреба заедно со соничната четка за заби. Нејзината единствена формула помага во зајакнување на слузницата на усната празнина и емајлот на забот.

Врвна профилакса

CUREN® влакната од главата на четката и нејзиниот ергономски држач дизајниран за четкање под агол од 45° овозможуваат врвно длабинско чистење, дури и на недостапните места долж работ на гингивата, пародонталните џепови и помеѓу забите.

За чистење околу импланти и фиксни ортодонтски апарати

Лицата со импланти или фиксни ортодонтски апарати имаат посебна корист од употребата на соничната четка CURAPROX Hydrosonic. CUREN® влакната достигнуваат во многу тешко достапните места и внимателно и ефикасно ги чистат.

За целото семејство…

За потполно чисти заби од самиот почеток, CURAPROX Hydrosonic четката за заби се препорачува за сите, како и за деца над 4 годишна возраст.

Препорака од швајцарските стручњаци за орална хигиена.

CURAPROX развива пасти за заби, интердентални четки и четки за заби во соработка со стручњаци по дентална медицина, кои работат во полето на истражување и развој, наставата и пракса по дентална медицина.

Резултат: CURAPROX производите се навистина ефикасни и затоа уживаат на исклучително голема репутација во стручните стоматолошки кругови.

Избегнете трауми при чистењето на забите

Често со обичните четки за заби ги чистиме забите движејќи ја четката напред назад, користејќи преголем притисок. Тој притисок исто така представува ризик за тие што користат ротациони електрични четки за заби, последница од таквото чистење е повлекување на непцето, односно соголување на вратот од забот.

Оптимално чистење

Употребата на преголем притисок при чистењето на заби, благодарение на соничната технологија и CUREN® влакната, нема да доведе до оштетување на забите и непцето. CURAPROX Hydrosonic четката обезбедува забите, работ на непцето и непцето да се беспрекорно чисти и тоа на исклучително нежен и сигурен начин.

Уживајте во оралното здравје за цел живот

Сетот за одржување на орална хигиена тоа и го овозможува. Заедно со CPS Prime интерденталните четки и CURAPROX Enzycal пастата за заби, користењето на CURAPROX Hydrosonic четката за заби резултира со убави и чисти заби, здраво непце и добро исчистен раб на непцето.

Дознајте повеќе за предностите на CURAPROX Hydrosonic соничната четка за заби во интервјуто со Проф. Д-р У.П. Саксер на www.curaprox.com