IAP prime сонда

IAP prime sonda

Интерденталната четкичка која е премногу мала, воедно е и неефикасна. Таа неможе да допре до гингивалниот сулкус ниту до контактната точка. Четкичката која е преголема нема да одговара, дури може да предизвика траума на непцето.

Со примена на IAP сондата се избегнуваат импровизации и пробување четкички со различна големина. Правилната четкичка може да ја изберете многу лесно, брзо и сигурно. Исто така идеална е за употреба како пародонтална сонда: секоја боја ја мери длабочината на гингивалниот или пародолнталниот џеп од 3мм.