Три чекори за расипани заби

zabobolka1

Дали знаете дека забите се најцврстиот дел од човековото тело? Но и покрај тоа, тие не се неуништливи и истите можат да бидат нападнати од кариес. Причинител за негово појавување се бактериите во забните наслаги, кои при разградувањето на шеќерот, создаваат киселини, кои со тек на време почнуваат да го нагризуваат забот.

Целиот процес сепак не е толку брз, бидејќи забот благодарение на минералниот состав има сила да го поправи микрооштетувањето на глеѓта.

Но, доколку глеѓта е изложена на постојани напади, одбранбената сила на забот повеќе нема да биде доволна.

3 најчести чекори до расипани заби

1. Забораваме да ги четкаме забите

Во устата има повеќе од 500 различни видови на микроорганизми кои постојано се размножуваат. Доколку неколку пати заборавиме да ги четкаме забите, тогаш кариесот може многу брзо да се појави.

2. Забите ги четкаме само површно

Чувството на вистински чисти заби понекогаш не залажува, особено при употребуањето на пасти за заби кои пенат и имаат силен вкус. Вистина е дека создаваат свежина во усната шуплина и не уверуваат дека забите се чисти, но за вистински чисти заби потребно е користење на забен конец и интердентални четкички.

3. Слатките работи и гризините не пратат цел ден

Ако цел ден јадеме слатки работи и гризини, кои содржат шеќер, вештачки бои, ароми и вкусови, pH вредноста во устата постојано се смалува. Тоа значи дека нашите заби имаат кисело опкружување, што постепено ја нагризува глеѓта. Бидејќи киселините од разградувањето на шеќерите од страна на бактериите, се подолго присутни во нашата уста, кариесот може многу брзо да се појави.

superdvojec-zobna-scetka-in-medzne-scetke-3

Со цел да постигнете што подбра орална хигиена, Ви препорачуваме да употребите:

Потполна линија за хемиска контрола на забните наслаги со chlorhexidin и …

DSC_4520

BLACK IS WHITE\WHITE IS BLACK

Ефикасна  паста за белење на забите со активен јаглен Curaprox Ви го претставува …